Елки Зандстра снимила и споделила на „Инстаграм“ како изгледа таканареченото „хоризонтално родителство“, кое нејзиниот сопруг одлично го совладал. Овој татко сака да си игра со своите деца дури и кога е уморен, а овој начин каде што всушност лежи и одмара цело време додека децата си играат е одлично решение.

Во објавеното видео Елки споделила пет активности, или пет различни игри, во кои уживале нивните деца додека нејзиниот сопруг добил заслужена пауза. Има плоча за возење автомобил-играчка, како и кукла за испробување облека. На многу луѓе навистина им се допаднала оваа идеја бидејќи таа сепак им дава можност на уморните родители да поминуваат време со своите деца и во исто време да се одморат.

Извор



912

X