Афирмацијата е позитивна изјава што си ја повторувате за да го надминете негативното размислување. На пример, ако сте бремени и имате страв од породувањето, можете да си кажете: „Верувам дека моето тело знае што да прави“.
Некои луѓе претпочитаат да го користат зборот „мантра“, што едноставно може да значи повторувана фраза. Афирмацијата или мантрата може да ве мотивира, инспирира и утеши. Инспирацијата може да дојде од секаде – изрека, цитат или текст на песна. Изберете зборови што ќе ви одекнуваат во мислите и ќе ве натераат да се чувствувате добро.
Совет: Рачно напишете ја вашата мантра и објавете ја на видно место.
Кои се придобивките од афирмациите?
Кога се користат редовно, афирмациите можат:
-Да поттикнат позитивен начин на размислување. Сите имаме внатрешен глас во нашиот ум. Афирмациите помагаат да се обучи тој глас да ги оспорува и преформулира негативните мисли.
-Да го намалат стресот. Афирмациите можат да ви дадат шанса да земете ментална и емоционална пауза за време на стресни времиња, како што е бременоста.
-Да го промените вашето однесување. Промената на начинот на кој размислувате може да влијае врз начинот на кој се однесувате и се чувствувате.
-Да ја претворите самокритиката во самосочувство. Кога не ја исполнувате вашата идеја за тоа што е совршен родител, лесно е да се нервирате и за ситни работи. Исто така, тешко е да не си замерите себеси кога другите ве осудуваат. Тоа се совршени моменти да се потсетите: „Го правам најдоброто што можам“.
-Да ја поддржите вашата нова улога како родител. Афирмациите може да одразуваат промена во приоритетите на она што се случува кога ќе станете родител. На пример, ако сакате вашиот дом да биде во совршен ред, но вашето бебе има други идеи, може да се потсетите: „Домашната работа може да чека, моето бебе не може“.
Ова се некои афирмации кои можете да си ги кажувате за време на бременоста и родителството:
-Моето бебе е безбедно и сакано.
-Моето бебе знае дека сѐ е добро.
-Му верувам на моето тело дека знае што да прави.
-Моето тело е неверојатно такво какво што е.
-Се прифаќам себеси таква каква што сум.
-Јас сум способна за неверојатни работи.
-Јас сум на едно патување, растам и се развивам.
-Јас сум издржлива, силна и храбра.
-Диши!
-Го пречекувам моето бебе со љубов.
-Моето бебе е здраво и среќно.
-Знам дека можам да го направам ова.
-Им верувам на моите инстинкти.
-Јас сум благодарна.
-Нашиот дом е исполнет со љубов и добрина.
-Ќе го искористам максимумот од денешниот ден.
-Мојот живот се одвива токму овде, токму сега.
-Во ред е да се побара и прифати помош.
-Сѐ ќе биде во ред.
-Фрустрацијата може да биде мојот најголем учител.
-Утре е нов ден.
-Ќе помине и ова.
-Избирам да бидам смирена.
-Секое искуство што го имам ми помага да пораснам.
-Јас сум одговорна за тоа како живеам секој ден.
-Среќата е избор. Избирам да бидам среќна.
-Никој освен мене не одлучува како се чувствувам.
-Верувам во тоа што сум.
-Јас сум задолжена за моите мисли и не се осудувам себеси.
-Со тоа што сум своја, им носам среќа на другите луѓе.
-Правам позитивни промени во светот.
-Избирам да се опкружувам со љубов.
-Кога ќе паднам, повторно станувам.
-Секој ден станувам посилна.
-Имам доверба во мојата интуиција.
-Јас сум храбра.
-Јас сум сакана.
-Денеска се будам со сила во срцето и бистрина во умот.
-Денеска ќе ја испуштам вината што ми тежи на рамената.
-Денес ќе сакам силно, ќе се смеам слободно и ќе живеам храбро.
Автор: Елизабет Доерти
912