Во долгите врски чувството на сигурност и удобност може да стане толку познато што понекогаш почнуваме да се сомневаме дека постои некаков проблем. Сепак, истото опуштање може да биде знак за стабилност во една врска. Паровите во здрав брак полесно ги решаваат несогласувањата и подобро се разбираат.

Тоа не значи дека немаат проблеми, туку дека се справуваат со нив на конструктивен начин. Во продолжение се неколку клучни знаци дека вашиот брак е поздрав од просекот, според истражувањата.

Можете да ги решите проблемите и расправиите без презир

Знак дека бракот е поздрав од повеќето е начинот на кој парот ги решава конфликтите и проблемите. Додека многу парови ја преиспитуваат целата своја врска кога ќе се појават несогласувања, здравите парови го гледаат конфликтот како природен дел од растот, истакнуваат од Институтот „Готман“. Наместо да викаат или да се повлечат, тие пристапуваат кон конфликтот со мирни разговори со почит, користејќи го како можност за подобро разбирање и постигнување значајни компромиси кои ја зајакнуваат нивната врска.

Го препознавате проблемот без да обвинувате некого

Според терапевтите, динамиката е здрава во бракот ако двајцата партнери се согласат со природата на проблемот и не ја префрлаат вината само на другиот. Кога двајцата партнери ќе прифатат дека треба да го приспособат своето однесување за работите да се подобрат, тоа значи дека парот е функционален и подготвен да работи како тим за да напредува.

Се чувствувате безбедно еден со друг

Кога се чувствувате небезбедно, без оглед дали тоа е свесно или несвесно, нервниот систем е во состојба на зголемена будност. Обезмени сте од чувството дека постојано сте на работ и не можете целосно да се опуштите. Ова може да се манифестира како анксиозност, несигурност, па дури и одбранебност во односите со другите.

Ако не се чувствувате сигурни во врската, нема да можете да го дадете најдоброто од себе. Наместо тоа, ќе покажете вознемирена верзија од себеси, која не може целосно да се поврзе.

Извор



912

X