Воспитување

Филм кој вреди да го погледнете со вашето дете пред самиот почеток на учебната година

Пред самиот почеток на учебната година одвојте време и со вашите деца погледнете еден инспиративен психолошки филм за деца и родители кој нема да ве остави рамнодушни. Филм кој е секогаш топла препорака до моите клиенти и извор на терапевтски сценарија сработени со моите клиенти. Ќе проследите филм во кој ќе разберете дека понекогаш децата не страдаат затоа што се различни, туку затоа што светот не знае како да ја прифати нивната различност. Филмот „Wonder“ отвора важни разговори со децата кои вие може да ги насочите кон овој начин отворајќи ги следниве теми:

Како се чувствува детето кога е различно од другите?

 Што значи да припаѓаш?

Како да реагираме кога гледаме булинг?

 Дали молчењето значи дека не учествуваме во повредувањето?

 Како да изградиме самодоверба кога другите нè проценуваат?

 Што значи да бидеме љубезни, но истовремено да поставуваме граници?

Прашајте го директно детето:

 „Кој момент најмногу те допре?“

 „Како мислиш дека се чувствуваше Ауги?“

„Што би направил ти ако беше негов соученик?“

 „Дали некогаш си се почувствувал како да не припаѓаш?“

 „Што можеме ние да направиме за некој друг да се чувствува прифатен?“

Не барајте „точни“ одговори. Слушајте го детето. Затоа што понекогаш најважната психолошка интервенција не започнува со совет, започнува со едно едноставно раскажи ми како ти беше тебе…

Автор: м-р психолог Христина Стефановска

Поврзани написи

To top