Болничките тимови во Англија добиле упатства да не ги опишуваат новородените бебиња како „родени“ со машки или женски пол. Наместо тоа, им било препорачано да го користат терминот „доделен пол при раѓање“. Ова упатство е дел од брошурата на болницата „Џејмс Пеџет“, која исто така наложува избегнување на термини како „дами и господа“ и замена на занимањата специфични за полот, како што се „пожарникар“ и „полицаец“ со родово неутрални термини.

Брошурата, создадена за персоналот за време на „Прајд“ месецот, содржи упатства и речник на ЛГБТК+ терминологија. Меѓу нив има објаснувања за родово неутрални термини, девет различни знамиња за трансродови лица и примери како: „На Макс при раѓање му бил доделен женски пол, а потоа во средно училиште транзитирал низ промена“.

Бурни реакции и критики

Промените наишле на остри критики од локалните политичари и граѓани. Пратеникот за реформи Руперт Лоу истакнал:

-Ова е смешно. Моите гласачи сметаат дека овој вид комплициран јазик е непотребен и збунувачки и дека финансирањето треба да биде насочено на вистинска грижа, а не на слоеви на администрација и „различност“ кои само ги зголемуваат трошоците.

Универзитетската болница „Џејмс Пеџет“ не даде официјален коментар на оваа тема, но упатството останува достапно за вработените како дел од инклузивните упатства за комуникација.

Извор



912

X