Порастот на бројот на млади што учествуваат во спорт предизвикува загриженост кога станува претеран. Иако спортот нудат придобивки, како што се градење вештини и подобрена самодоверба, експертите се прашуваат дали е здраво децата да се натпреваруваат или да се специјализираат на млада возраст.
Поради зголемувањето на бројот на повреди кај младите спортисти, Националната асоцијација на атлетски тренери на САД издаде упатства за родителите и тренерите, за да обезбедат избалансиран пристап.
Дали е подобро детето да вежба еден или повеќе спортови?
Традиционално, младинските спортови беа училишни и сезонски, но сега многу програми се во текот на целата година, честопати почнувајќи од многу млада возраст.
Оваа промена доведе до здравствени проблеми, особено бидејќи повеќе деца се специјализираат во еден спорт пред средно училиште. Тоа може да го зголеми ризикот од „прегорување“ и повреди од прекумерен број спортски активности, бидејќи децата постојано ги користат истите мускули.
Играњето повеќе спортови, од друга страна, поттикнува различни вештини, го намалува ризикот од повреди и го спречува „прегорувањето“.
Синдромот на исцрпеност е значителен ризик кога младите спортисти не се одмораат доволно. Овие состојби може да доведат до слаби перформанси, хронична болка, промени во расположението и др. За да се избегнат овие проблеми, потребна е отворена комуникација меѓу родителите, тренерите и спортистите и нагласување на разновидни тренинзи и одмор.
И покрај ризиците, младинските спортови нудат ментални, физички и социјални придобивки. Спортувањето е поврзано со пониски стапки на анксиозност, депресија и ризично однесување, како и со подобрени академски перформанси и животни вештини, како тимска работа и упорност.
Како да се намали ризикот од исцрпеност?
Со цел да се намали ризикот од повреди, експертите препорачуваат:
-осигурување дека децата не играат повеќе од еден спорт по сезона
-ограничување на учеството на осум месеци годишно
-земање најмалку два дена одмор секоја недела.
Овие практики промовираат долгорочно здравје и благосостојба, дозволувајќи им на децата да уживаат во придобивките од спортот, без да ги преоптоваруваат нивните тела и умови. Слободното време за одмор и креативност им помага на децата да останат здрави и да се развиваат.
Автор: Томислав Станиќ
912