Успешната Италијанка Марија Монтесори, на чиј метод многу училишта низ светот ја засноваат својата работа, смета дека формирањето на карактерот се одвива низ три периоди:
До 6 години – време на создавање (детето не ја знае разликата помеѓу доброто и злото, тоа има своја природа, се создаваат основите на карактерот). Ова е период на небалансирана енергија и интензивен напор на детето.
Од 6 до 12 години – детето станува свесно за доброто и лошото (кај себе, но и кај другите луѓе) и формира морална свест која подоцна води до развој на социјалната свест.
Од 12 до 18 години – се раѓа чувството на љубов кон татковината, припадноста кон нацијата и се поставуваат основите за зрелиот период на личноста со препознатлив карактер, целосно подготвена за врска со други лица.
Во однос на таа поделба изградила систем на однесување, интелигенција, напредување и формирање карактер.
-На детето не треба да му се закануваат или да му ласкаат; треба само да му се обезбедат нормални услови за живот. Нарушувањата на карактерот потоа исчезнуваат сами по себе – заклучила таа.
912