Шест часот наутро, се будам со мојот петнеделен син, а наскоро ќе ми се придружи и мојата двегодишна ќерка. Сè што можев да размислувам беше колку бев исцрпена. Како и многу родители на мали деца, не бев сигурна дека ќе можам да го поминам денот без да се распаднам.

Откако го испив потребното кафе, застанав. Очигледно, моите мисли ја оправдаа мојата раздразливост. Сепак, не мислев грешно. Точно беше дека спиев малку часови откако се роди мојот син. Ќерка ми ја одучував од пелени и тоа беше дополнителен напор за мене. Речиси и да немав време за себе, а моето тело се мачеше да закрепне од неочекуваниот царски рез и фијаското со доењето. Во основа, моите мисли беше всушност вистината.

Тогаш, што е проблемот?

Ми светна: Кога се случуваат непријатни настани во животот, ние сме склони да се чувствуваме раздразливо и да ја продолжиме сопствената беда.

Затоа, кога ќе се случи нешто непожелно, ние ја оправдуваме нашата раздразливост и имаме разумно објаснување што ги поддржува нашите чувства. Лесно можеме да артикулираме зошто сме раздразливи, имаме право да бидеме раздразвливи и можеме да останеме раздразливи онолку долго колку што сакаме. И, на тој начин, почнуваме да користиме искрени описи за нашите животи за да ги оправдаме негативните емоции, однесување и искуства.

И токму тука лежи проблемот. Светот е полн со предизвици и проблеми. Понекогаш имаме добри причини да бидеме вознемирени, па и да се чувствуваме мизерно. Но, што со тоа?

Кога сфатив дека треба да се фокусирам на позитивните работи, кога сфатив дека морам да престанам да го оправдувам моето лошо расположение, и кога сфатив дека треба да бидам бескрајно благодарна што сум мајка на две деца, моето расположение се промени. Не можам да кажам дека го имав најдобриот ден во мојот живот и дека станав најголем ентузијаст. Но, имав многу подобар ден отколку што би имала ако не ја променев мојата перспектива.

Вистината е следна:

Постојат моменти во животот што се навистина предизвикувачки. И денови кога се будиме во лошо расположение. Не сугерирам дека постојано треба да бидеме воодушевени и среќни. Но, честопати ги користиме предизвикувачките околности од реалниот живот за да ги оправдаме непријатните емоционални состојби. Тоа ќе ве направи несреќни и неисполнети. Сепак, можеме да избереме да ја промениме нашата перспектива за да се фокусираме на позитивното.

Автор: Кортни Варен
Извор



912

X