Мајката Луси Финк ги разнежнила корисниците на „Инстаграм“ со видео од нејзиниот мал син. Како што објаснила таа во натписот на видеото, кое е прегледано 11 милиони пати за помалку од 24 часа, слаткиот Мајло минувал низ тежок период кога се разделил од својата мајка, бидејќи таа поминала две недели во болница со бебето Коко по породувањето.

Финк споделила видео од првата средба на нејзиниот син и ќерка. Однесувањето и возбудата на момчето околу неговата помлада сестра воодушевиле многумина кои го погледнале слаткото видео. Содржи и кадри откако тие се вратиле дома, а Мајло не престанува да ја гушка и да се грижи за својата помала сестра.

Извор



912

X