Да се биде родител значи дека ќе се соочувате со многу тегоби кај децата, како што се настинки, исипи, алергии и некои симптоми кои се помалку познати, па затоа повеќе ги плашат мајките и татковците.
Еден од таквите симптоми е мирисот на ацетон од устата на малечкото, вели д-р Софија Катурјан, педијатриски ендокринолог.
Зошто се појавува мирис на ацетон од устата
Причината за мирисот на ацетон во устата на децата може да биде медицинска состојба која предизвикува премногу кетони во крвта. Тоа може да биде знак за болест како дијабетес, но секако не е единствената можна причина.
Најчестите причини за мирис на ацетон во устата на децата:
-Недостиг на јаглехидрати во исхраната
-Нарушена киселинска и електролитна рамнотежа во телото
-Прекумерен внес на масти и протеини
-Строга диета
-Прекумерна физичка активност
-Намалување на резервите на инсулин во панкреасот.
Зошто е тешко да се најде точната причина
Мирисот на ацетон во устата на детето може да укаже на некои нарушувања во функционирањето на организмот, посериозни болести, но и моментални состојби кои поминуваат сами по себе. На пример, понекогаш овој мирис кај децата може да се појави по напорно вежбање, или ако детето е подолго време надвор на сонце.
Во случаи кога нема очигледна причина за мирис на ацетон во устата, според детскиот ендокринолог, треба да се внимава дали се појавуваат и следните симптоми:
-Повраќање, дијареја, температура до 38 степени
-Губење на апетитот или зголемен апетит
-Слабеење
-Често мокрење, дури и ноќе
-Зголемена жед
-Изразена возбуда, потоа чувство на исцрпеност и апатија
-Аритмија, бледа кожа
-Болки во стомакот.
Овие симптоми може да бараат хоспитализација, поради што се препорачува веднаш да се обратите на лекар доколку ги забележите кај дете.
Мирисот на ацетон од устата кај децата не е причина за паника, но доколку го почувствувате, најдобро е ништо да не оставате на случајноста, туку лекар да ја утврди причината за таквиот мирис.
912