Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Мојата ќерка од септември почна во прво одделение. Последниве два месеца многу силно нѐ удира по дома со тупаници, особено мене и баба ѝ, со модринки сме, а и лупа по вратите… Исто така, измислува работи, лаже. Не знам поради која причина и ако може совет како да постапуваме.

ОДГОВОР: Се работи за дете од шестгодишна возраст кое во последниот период од два месеца покажува агресивно поведение. Од вашиот исказ можам да претпоставам дека тоа е ново и некарактеристично однесување на девојчето, па оттука ми се јавува прашањето како се однесуваше детето пред да тргне на училиште, дали посетувало градинка.

Доколку се работи за нагли промени во однесувањето, тие најчесто се показател за некоја внатрешна т.е. психоемоционална тегоба со која детето не умее да се справи и во моментот на агресија бара помош и насока, бара начин како да го изрази она што го чувствува, а не е проговорено и не е освестено. Таквото однесување детето најчесто го упатува кон оној од кој очекува најголема поддршка и внимание. Бидејќи исказот е краток, не би можела да го адресирам проблемот и причината за него. Ве советувам да направите директно родителско или психолошко советување со стручно лице како психолог или психотерапевт.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X