Тиктокерката Џема на својот профил открила како изгледа работата на бебиситерка на деца на милијардери. Иако многумина мислат дека тоа е привилегирана професија која носи многу предности, Гема истакнува дека придобивките не можат да ги надминат работите што ја прават работата мачна.

-Да, возев „ренџ ровер“ бидејќи тие се најпрактичните автомобили што ги поседуваат милијардерите. Престојував во фантастични вили со приватни кина – истакнала таа.

Никогаш не смеела да ги фотографира и снима куќите во кои живеела и работела, а има и други работи што непријатно ја изненадиле.

-Доколку децата не беа задоволни од послужениот оброк, храната завршуваше во ѓубрето. Понекогаш затоа што едноставно ќе се премислат за тоа што сакаат да јадат – додала таа.

Таа била шокирана од фактот дека масер доаѓал во едно семејство каде што таа работела секое утро во пет и таму останувал два часа. Ѝ пречел и делот од работата што бил поврзан со комуникацијата во семејството.

-Ми беше дозволено да контактирам со мајката на децата само ако имав нешто многу важно да кажам. Во спротивно, можев да комуницирам само со управителот на куќата – тврди таа.

Сместувањето го смета за најтежок дел. Таа објасни дека сите семејства сакале да живее со нив, но поради тоа нејзината спална соба изгледала како игротека, па морала да спие на софата.

-Страдав од недостаток на сон бидејќи од мене се очекуваше да ги надгледувам децата 24 часа на ден, седум дена во неделата преку екран за мониторинг – заклучила таа.

Извор



912

X