Секој ги сака своите деца. Тоа е дел од родителството, тоа е нераскинлива љубов. Сите мислиме дека нашите деца се паметни, смешни и прекрасни и сѐ ќе направиме за нив. Нормално е да се жртвувате за сопственото дете и да го сакате, но има одредени знаци кои укажуваат дека сте опседнати со него.

Ова се 5 знаци што го откриваат тоа:

Често објавувате слики од вашето дете на социјалните мрежи

Ако речиси на секоја фотографија што ја објавувате на социјалните мрежи се гледа вашето дете, а вие ги користите вашите статуси за да ги информирате неговите движења, тоа е знак дека сте премногу опседнати со сопственото дете.

Го користите зборот „ние“

Користењето на зборот „ние“ кога вашето дете прави нешто се нарекува нездрава идентификација. На пример: „Го кажавме првиот збор“ наместо „Тој/таа го кажа првиот збор“.

Ги игнорирате потребите на јавноста во корист на вашето дете

Сепак, не станува збор за тоа дека детето плаче и ги вознемирува другите луѓе. Туку, на пример, дека не треба да му ги менувате пелените на вашето дете на места кои не се наменети за таа активност.

Поврзувате сè со вашето дете

Опседнатите родители ќе се обидат да го поврзат секој збор или идеја што некој ќе ја претстави со нивните деца. Ако некој го спомене нивното куче, опседнатите родители веднаш ќе одговорат: „Моето дете сака кучиња“.

Зборувате само за вашето дете

Ако вашите пријатели знаат премногу детали за вашето дете, ова е знак дека премногу зборувате за детето. Тие не треба да ги знаат сите детали, како што се движењата на дебелото црево, рутината пред спиење, неговиот талент или училишните оценки. Секој родител понекогаш прави некои од овие работи; тоа е нормално. Но, кога ќе откриете дека постојано го правите тоа, веројатно сте опседнати со детето.

Извор



912

X