Бидејќи технологијата и општеството се развиваат побрзо, и напредокот е сѐ побрз. Овој напредок го гледаме на многу начини, а еден од најочигледните примери е разликата меѓу нас во нашето детство и нашите деца. Колку се поголеми предизвиците, толку се поголеми генерациските разлики. Ова е совршена тема за комичарот Џејк Ламберт да создаде серија видеа кои укажуваат на некои од разликите помеѓу начинот на кој „бумерите“, претставниците на генерацијата Х, милениумците и генерацијата З прават различни работи, што е извор на смеа. Една од работите по кои се разликуваат генерациите е начинот на кој сме растеле, односно како се одвивало нашето детство. Така Ламберт сними видео наречено „Како различните генерации зборуваат за своето детство“.
Се разбира, индивидуалните искуства од детството ќе се разликуваат и секако има доза на претерување за комичен ефект, но генерално кажано – не греши.
-Пред сè, имате бумери кои сакаат да ве известат колку бил подобар светот кога биле помлади. Дека луѓето само ги оставаа вратите отклучени 24 часа на ден и дека криминалот всушност е измислен дури во 70-тите години – тоа е приказната што ја раскажуваат многу бумери (генерацијата бебибум, т.е. родени меѓу 1946 и 1964 година). Потоа ја имате генерацијата X. Тие сакаат да ви кажат колку им било тешко воспитувањето, дека се од „школата на силни удари“, дека едноставно биле оставени сами да се снаоѓаат. Ако не биле на училиште, само им било кажувано да излезат и да направат нешто додека не се стемни, нели – вели тој.
Членовите на генерацијата X се родени од средината на 60-тите до почетокот на 80-тите години. Потоа Ламберт опишува како милениумците го опишуваат нивното воспитување, односно нивното детство, кое во основа било сосема спротивно од детството на генерацијата X, а потоа и чудниот технолошки парадокс со кој израснала генерацијата З.
-Кај милениумците сè беше поврзано со стравот – страв од странци, разговор со странци, земање бонбони од странци. Им било кажано да не ја отвораат вратата за непознати лица. Дури ни бабите и дедовците, во случај некои криминалци да направат совршени копии на нивните лица. Тоа остави траума кај речиси секој милениумец…“
Што се однесува до генерацијата Х, тие исто така пораснале во страв, но од сѐ што демне од интернет. Кражба на идентитет, лажно претставување и слично. Со совети дека треба да внимаваат што објавуваат на интернет и слични работи.
Луѓето се огласиле за процената на Ламберт и споделиле некои од нивните детски искуства.
„Генерација Х овде… погодивте сѐ! Сосема се согласувам!“
„Како милениумец, морав да ги предупредам моите бумери-родители за опасностите од интернетот – направивме полн круг, сите ние“, „Сакам да мислам на моето детство од генерацијата Х како на див период и мило ми е што преживеав“, „Генерација X дефинитивно дозна за опасноста од странци, но ние сè уште бевме надвор цело време.“ „Бумерите имаат многу погрешни сеќавања! Знам зашто јас сум еден од нив“, се вели во дел од коментарите.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912