Ако исцрпеноста крие здравствена состојба, таа често е поврзана со болести како вирусни инфекции, хепатит, инфективна мононуклеоза, пневмонија. Исто така, причина за замор кај децата може да биде астма, анемија, невролошки состојби, недостиг на витамини и минерали, како и одредени хормонски нарушувања. Но најчесто, доколку детето е целосно здраво, се работи за тоа како го поминува времето, колку обврски и активности има по училиште.

Не спие доволно

Доколку малечкото не спие доволно, очигледно ќе биде исцрпено, нерасположено за игра, апатично и без енергија. Освен тоа, децата што не се одмораат доволно се соочуваат со проблеми со вниманието. Нормално, на децата им требаат повеќе часови сон отколку на возрасните, поточно до 12-годишна возраст 10-11 часа, а по 12-тата година 9-10 часа сон. Идеално би било доколку тие потреби се почитуваат. Во реалноста, детето се буди рано за да оди на училиште, по што ја завршува домашната задача, игра и поминува време со родителите. За жал, на крајот од денот, многумина го губат времето потребно за одмор пред компјутерот или телефонот.

Има проблеми што го мачат

Би рекле дека малечките немаат грижи и проблеми и не можат да бидат под стрес. Всушност, децата имаат тешкотии на училиште, можат да се караат со пријателите или родителите, или може да поминат низ вознемирувачки настани, а сето тоа е извор на стрес кој предизвикува постојан замор. Доколку е под стрес, детето не спие доволно, а следниот ден му недостига енергија.

Неактивност

Детето, исто така, се заморува бидејќи не игра и води седентарен живот. Недостигот на физичка активност е поврзан со небалансирана исхрана и доведува до исцрпеност. Обидете се да му го ограничите пристапот до телевизорот и компјутерот, но внимавајте и да контролирате колку време поминува на мобилниот телефон бидејќи децата најголем дел од времето го поминуваат пред екранот.

Една неодамнешна студија на истражувачите од Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија, сугерира дека 15 минути гледање телевизија дневно влијае врз креативноста на детето.

Преоптоварување со воннаставни активности

Сакате детето да научи што повеќе, па го носите да научи да плива, да зборува странски јазик, да слика, да спортува, да танцува. Има многу активности кои му причинуваат задоволство и кои сака да ги следи, но некои го заморуваат. За детето е корисно да биде активно и да учи, но родителите понекогаш претеруваат. Долгорочно, исцрпеноста на детето може да се покаже проблеми со меморијата, задржувањето на вниманието, изливи на гнев, возбуда и склоност кон дебелеење.

Автор: Јасна Дреновац

Извор



912

X