Многу родители, сакајќи нивното дете да има што е можно пооригинално име, одлучуваат да побараат помош од експерти. Две жени што заработуваат на овој начин ги открија деталите за овој тренд.

Колин Слаген од Бостон вели дека отсекогаш била фасцинирана од имињата на бебињата, но никогаш не помислила дека би можела да има работа поврзана со имињата.

– Мислам дека многу луѓе главно знаат што сакаат, но сепак сакаат да го слушнат мислењето на трето лице. Сакаат некој да потврди дека нивниот избор е добар или дополнително да го провери значењето на името – вели таа.

Таа прво го рекламираше својот бизнис низ фејсбук-групите, а потоа во 2023 година почна да објавува видеа на „Тик-ток“. Претходно работела како медицинска сестра, но одлучила да ја напушти работата и почнала да им помага на родителите да изберат име за нивните бебиња.

Таа има околу 15 клиенти месечно и им наплаќа по 350 долари, со што заработува околу 63.000 долари годишно. Она што звучи како лесна работа може да биде предизвик. Едно од барањата што ги добила е името да било употребено само 25 пати минатата година.

Морган Тим има околу 25 клиенти месечно. Таа им наплаќа по 125 долари, со што заработува околу 37.500 долари годишно.

– Има голем интерес. Многу луѓе бараат уникатно име, но не сакаат да биде чудно – вели таа.

Морган им дава формулари во кои бара да ги наведат имињата за кои веќе размислувале и имињата што во никој случај не сакаат да му ги дадат на детето. Исто така, таа ги прашува колку слогови сакаат да содржи името на нивното дете и други детали поврзани со имињата. На крајот им испраќа документ со предлози за името.

Извор



912

X