Летото значи и сезона на уживање во сладолед, а овој леден десерт го обожаваат и децата и возрасните. Сепак, сладоледот од продавница содржи многу шеќер и адитиви кои не се препорачуваат често да се консумираат.
Ви пренесуваме неколку рецепти за домашен сладолед во кои можете да експериментирате со вкусови и да ги приспособите на желбите на целото семејство, а толку се вкусни што повеќе нема да купувате сладолед од продавница.
Сладолед од шумско овошје
Сок и кора од половина лимон;
450 г шумско овошје;
400 г кондензирано млеко;
600 мл слатка павлака
Приготвување
Испасирајте го шумското овошје. Измешајте ги сокот и кората од лимон и ставете го кондензираното млеко. Во друг сад измиксирајте ја слатката павлака и нежно измешајте ја во смесата од шумското овошје и кондензираното млеко.
Ставете во кутија и во замрзнувач најмалку 4 часа.
Чоколаден сладолед
Состојки
1 конзерва засладено кондензирано млеко (400 г);
60 г горчливо какао во прав;
1 лажичка екстракт од ванила
500 г шлаг.
Приготвување
Во сад со средна големина измешајте ги кондензираното млеко, какаото во прав и екстрактот од ванила. Во друг сад изматете го кремот во шлагот. Со шпатула измешајте го кондензираното млеко во шлагот. Префрлете ја смесата во поголем сад, поклопете ја или покријте ја со фолија.
Ставете во замрзнувач осум часа, по можност преку ноќ. Оставете на собна температура пред послужување за полесно да се служи. Покријте го со чоколаден прелив.
Сладолед од јогурт
Состојки
1 л јогурт;
3 чаши шеќер;
2 чаши млеко;
1 кисела павлака;
200 г шлаг.
Приготвување
Истурете ги јогуртот и шеќерот во сад. Во друг сад изматете го шлагот со млекото и додајте ја павлаката. Соединете ги двете смеси и измешајте. Доколку сакате да направите овошен сладолед, во смесата можете да додадете овошје по желба. Ставете во замрзнувач.
Сладолед од цреши
Состојки
350 г цреши;
300 мл јогурт;
250 мл ладно млеко;
250 г крем за шлаг во прав;
100 г шеќер.
Приготвување
Добро измијте ги црешите и извадете ги семките. Ставете ги во блендер, додајте ги шеќерот и јогуртот и убаво измешајте додека не добиете изедначена смеса. Додајте шлаг во ладното млеко, па со миксер изматете. Се меша со смесата од вишни и уште еднаш убаво се меша за убаво да се соедини.
Истурете ја смесата во сад со капак и ставете ја во замрзнувач. По половина час извадете го сладоледот, малку измешајте го и повторно ставете го во мразот уште 2 часа. По желба послужете со свежи вишни, прелијте со сируп од вишни или изрендајте чоколадо.
912