Додека уживате со вашето бебе, со носталгија се сеќавате на бременоста – и на таа прекрасна бујна коса! Ве мачи едно прашање: зошто ми паѓа косата по породувањето?

Главниот виновник за опаѓање на косата по породувањето се хормоните. За време на бременоста, нивото на естроген во вашето тело е високо, поради што губите помалку коса од вообичаено. Имено, косата ја губиме секој ден, само во помали, незабележливи количини. За време на бременоста косата уште помалку опаѓа. Кога ќе го додадете ефектот на зголемен волумен на крв и подобрена циркулација, добивате уште поубава и бујна коса.

Кога ќе дојде бебето, нивото на естроген и други хормони нагло опаѓа (естрогенот и прогестеронот се враќаат на нивоата пред бременоста за само 24 часа). Тогаш вашата коса го компензира количеството на опаѓање со сè почесто опаѓање. Со други зборови, по породувањето, за неколку месеци ќе падне целата коса што требало да падне во текот на 9. месеци.

Што може да направите?

Заборавете на фризурата!

И не, не мислиме затоа што сте дома со бебе и не ви е важно. Исправувањето или виткањето на косата, па дури и фенирањето може да ја направи вашата коса потенка, барем на изглед. Премногу силно четкање може да предизвика губење на уште повеќе коса отколку што треба.

Јадете здрава храна

Треба да вклучите различни овошја, зеленчук и здрави протеини во вашата исхрана – ова е најдобриот начин вашето тело да ги добие сите хранливи материи што му се потребни.
За поздрава коса, се препорачува да се јаде темнозелен зеленчук (за железо и витамин Ц), слатки компири и моркови (за бета-каротен), јајца (за витамин Д) и риба (за омега 3-масни киселини и магнезиум).

Земајте витамини

Витамините не можат да бидат замена за разновидна исхрана, особено сега кога сте мајка. Сепак, тие можат да помогнат ако вашата исхрана не е избалансирана. Ниту еден специфичен витамин директно нема да ви помогне да расте косата, но тие се важни за општото здравје.

Користете шампон за волумен

Регенераторите понекогаш ја отежнуваат вашата коса, правејќи ја да изгледа слабо и безживотно. Шампонот за волумен може да помогне вашата коса да изгледа пополна и посјајна.

Кога треба да се консултирате со некого?

Во повеќето случаи, опаѓањето на косата по породувањето е нормално и не треба да се грижите. Меѓутоа, ако до првиот роденден на вашето бебе сè уште ви паѓаат големи количини коса, консултирајте се со дерматолог.

Извор



912

X