Игротека

Видео: Првата средба на бебе со семејното куче ќе ви го стопли срцето

На „Инстаграм“ една мајка сподели прекрасно видео од првата средба на нејзиниот син Оукли и семејното куче Сиднеј.

Родителите го однесоа момчето во нивниот дом, а реакцијата на кучето воодушеви милион корисници. Ноќта пред момчето да стигне дома, родителите на Оукли донеле негово ќебе за кучето да го помириса и да не биде вознемирено кога ќе дојде бебето.

Кога таткото го стави момчето на подот, кучето го помирисало, а потоа го лижнало. Сепак, она што се случи потоа трогна милиони луѓе што го погледнаа видеото.

Откако Сиднеј го помириса бебето, ја напушти собата и се врати носејќи го ќебето во кое беше завиткано момчето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top