Игротека

„Мала, но храбра“: Првиот скок во базен на 1,5-годишно девојче ги воодушеви луѓето

Колин Стенли споделила видео од првото скокање на нејзината 1,5-годишна ќерка во базен на нејзиниот профил на „Тик-ток“. Девојчето Малена била на базен со својата мајка, а на видеото се гледа моментот кога тоа стои на штицата додека нејзината мајка ја чека во базенот.

На девојчето му требале неколку моменти да собере храброст и да скокне, но кога го направила тоа, луѓето околу неа почнале да ракоплескаат од возбуда. Видеото за неколку дена било прегледано 3,6 милиони пати, а многумина биле импресионирани од храброста на девојчето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top