Мајката Беа Вилис трогнала многу корисници на платформата „Тик-ток“ со споделеното видео од нејзиниот сопруг и децата. Беа ги снимила последните моменти, поточно поздравот меѓу децата и таткото војник, кој извесен период заминува од дома.

За неколку дена видеото е прегледано повеќе од седум милиони пати и прикажува разговор помеѓу сопругот на Беа, Кајл и нивниот син. Во видеото, момчето му кажува на таткото дека неговата мајка е тажна и ветува дека ќе се грижи за неа. Иако разговорот помеѓу момчето и таткото ги трогнал луѓето, некои особено ги растажило однесувањето на девојчето. Напишале дека иако не кажала ништо, и тоа како е забележлива тагата во нејзините очи.

@hellowillisfam This just 💔 my heart! #militarylife #deployment #milso #militaryspouse #navy #militaryspouse #militaryspouselife #militarychild ♬ original sound – Kyle & Bea

Извор



912

X