Првите знаци на аутизам можат да се појават многу рано – некои од нив може да се препознаат на возраст од една година. Вообичаено, симптомите на аутизмот се забележуваат малку подоцна, помеѓу првата и третата година од животот, но добро е да се знае што може да укажува на ова нарушување во првата година.

Д-р Томас Фрејзиер, клинички психолог кој го истражува аутизмот, вели дека ретко се случува родителите да забележат знаци на аутизам кај доенчињата, но понекогаш тоа се случува.

Кои знаци на аутизам можат да се појават во првата година?

Кај бебиња до три месеци:

-Бебето не ги следи предметите со очите кога ги движите.
-Чувствително е на гласни звуци.
-Неговиот израз на лицето е ограничен.
-Има слаба способност да препознава лица (особено нови лица).

Кај бебиња на возраст од четири до седум месеци:

-Бебето не покажува интерес за одредени звуци (на пример, не се врти да види од каде доаѓа звукот).
-Има забележлив дефицит на внимание.
-Не гуга.
-Има ограничен вербален израз (не се насмевнува, на пример).
-Забележлив е ограничен израз на лицето и/или емоционален одговор (како на пример бебето да не се смее).

Кај бебиња на возраст од осум до 12 месеци:

-Бебето не лази.
-Не воспоставува контакт со очите.
-Има многу ограничен и неразбирлив говор.
-Не користи гестови како мавтање.
-Не покажува со прст кон предмети или слики.
-Има проблеми со рамнотежата или нестабилно стои дури и со поддршка.

Иако на повеќето деца аутизмот им се дијагностицира малку подоцна, се случува родителите да ги препознаат симптомите веќе кај доенчињата.

-Внимавајте дали бебето реагира на околината. Во првата година од животот бебето почнува да гуга и да користи гестови како покажување со прстот – вели д-р Фрејзер, додавајќи дека е вообичаено детето да им се насмевнува на родителите.

-Звуците што ги испушта бебето треба да имаат и социјална функција, бидејќи на тој начин тоа се обидува да комуницира со своите родители -вели д-р Фрејзиер.

Секако, доколку забележите некои од овие знаци кај вашето бебе, знајте дека тоа не мора да значи оти детето има аутизам и најдобро е да се консултирате со лекар кој ќе направи процена.

Извор



912

X