Еден татко станал вирален поради советот што ѝ го упатил на својата ќерка откако видел како момчето ѝ раскинува на нивниот праг.

Фалон Томпсон на „Тик-ток“ споделила долга СМС-порака од нејзиниот татко Скот, која ја добила откако момчето ѝ раскинало. „Само што ти раскинале и татко ти ја видел целата ситуација“ – гласеше текстот на екранот од фотографијата на која Фалон плаче. Потоа следуваат три слики од пораката што ѝ ја испратил татко ѝ.

-Можам со сигурност да кажам дека кога ја запознав мајка ти, веднаш беше поинаку. Можам да кажам и дека знаев оти е поразлично затоа што поминав низ тие други искуства.

Пораката продолжува, споменувајќи дека одредени настани се случуваат со причина и секогаш ќе ве водат до личноста што треба да станете и на крајот кон личноста со која треба да завршите.

-Иако во тоа време ми беше скршено срцето и се чинеше дека никогаш нема да можам да закрепнам, како да ми беше судено да бидам сам, но тоа не е твојата иднина – ја уверил Скот својата ќерка.

-Кога некој ти дава до знаење дека не си за него, справувајте се со болката и со сознанието дека таа личност штотуку ти го вратила највредното нешто на светот – твоето време – ѝ напишал татко ѝ.

Пораката завршува со приказна за крава и бик. Скот објаснил дека кога и двете животни ќе бидат фрлени во бура, тие различно се справуваат со неа. Кравата ќе бега и повеќе ќе се измачува себеси со бурата, но бикот ќе ѝ се спротивстави на бурата и ќе премине на другата страна.

фото извор: ТикТок

-Биди како бикот и соочи се во својата бура. Доволно си силна за да издржиш и многу брзо ќе бидеш спокојна – заклучил таткото во неговата порака.

Набргу по објавувањето, објавата имала повеќе од 18 милиони прегледи, а многу луѓе оставиле коментари за тоа колку е сладок гестот на Скот.

Фалон подоцна открила дека не ѝ помогнал само нејзиниот татко да го преживее раскинувањето, туку целото нејзино семејство.

-Откако ја прочитав првата реченица, си помислив: „О, ова е нештото што му требаше на моето срце“. Мислам дека во тој момент тој знаеше дека ми требаат само утешни зборови. Си реков дека без разлика каде ќе ме водат моите врски во животот, знам дека секогаш ќе ги имам татко ми и моето семејство покрај мене – заклучила таа.

Автор: Британи Милер

Извор



912

X