Доаѓањето на бебето на овој свет е нешто што се граничи со магија, што претставува чудо и треба да се слави. Сепак, првите денови со бебето може да бидат многу помалку магични и многу позаморни отколку што очекуваме – особено за новите мајки.

Дали навистина знаеме како се чувствуваат новите мајки? Што е тоа што е заборавено, а што сѐ уште се очекува од жените без никаква основа кога ќе станат мајки?

-Старите го знаеја тоа. Кога ќе се роди дете, кај новопечената мајка доаѓаше жена од семејството и ѝ помагаше во сè. Денес се потсмеваме и ја осудуваме мајката која наоѓа сила да каже „не можам повеќе“. Ја прашуваме „кој те тераше да раѓаш дете?“ итн.

А бебињата…убави, миризливи, нежни… но бескрајно беспомошни и затоа исклучително тешки за нега. Има бебиња кои не спијат со месеци, има бебиња кои постојано плачат, има бебиња кои сакаат постојано да цицаат, но мајката е мајка и МОРА да трпи.

Како мајката да е апстрактно и магично суштество кое завладува со жената веднаш штом ќе се породи и знае сè и може сè. А не може. Бидејќи во модерното време во кое живееме нема поддршка од семејството и околината како во минатото, мајката најчесто е сама со својот умор, недостиг на сон и бура од хормони.

Затоа, ве молам, бидете нежни со мајките. Ако одите да го видите бебето, направете го тоа кафе сами, за себе и за мајката, измијте ги садовите. Понудете се да го држите бебето малку, нека оди да се истушира, нека поседи малку, нека погледне низ прозорецот…

Прашајте ја дали треба да ја вклучите машината за перење, да ги пружите алиштата, да подготвите вечера и сторете го сето тоа.
Нарачајте ѝ храна. Прошетајте го бебето во количка, а таа нека има малку време за себе.

Мајките не се суперхерои, а не очекуваме од нив ништо помалку од тоа.

Извор



912

X