Сето она што може да значи бескрајно чекање за зачнување, неизвесност, време на „закажани сексуални односи“, читање за зголемување на плодноста, сето ова го прави моментот кога ќе видите позитивен тест за бременост да биде најневеројатното нешто. Уште поневеројатен ќе биде моментот кога конечно ќе го држите вашето бебе в раце.

Во продолжение се неколку работи што ги прават речиси сите жени што сакаат да забременат.

Повеќе немате спонтан секс

Се сеќавате на деновите кога сексот беше забава? Кога поминувате години обидувајќи се да забремените, тоа одлично чувство некако исчезнува. Наместо тоа, постои планиран распоред според тоа кога сте најплодни. Тоа значи дека треба да имате секс на секои два до три дена. Исцрпени сте? Нерасположени? Не е важно, мора да имате секс.

Знаете сè за овулацијата

Од проверка на вашата температура, до користење стапче за овулација и зборување за вашиот исцедок (да, тоа станува ваша нова опсесија), вие станувате експерт за овулација.

Ја јадете секоја храна за која се вели дека ја зголемува плодноста

Зелен зеленчук, јајца, банани, сето она што луѓето сметаат дека помага во зголемувањето на плодноста, вие го консумирате.

Купувате сè што ветува дека ќе ви помогне да забремените

Од апликации за плодност и следење на овулацијата, до најновите високотехнолошки монитори за плодност, сè што ветува дека ќе ви помогне да забремените, вие го користите.

Сите ви велат дека ќе забремените тогаш кога ќе се опуштите

Сакате да престанете да се чувствувате под стрес поради тоа што нема да забремените. Но, полесно е да се каже отколку да се направи.

Буквално секоја жена што ја гледате е бремена

Добро, не секоја жена. Но, кога поминувате години обидувајќи се да забремените, може да изгледа како постојано да сте опкружени со бремени жени, а тоа ви изгледа како потсетник дека не сте една од нив.

Тешко ви е кога другарка ја објавува својата бременост

Особено ако по објавата следува реченицата: „Не се ни обидувавме, останав бремена сосема случајно“. Секако, длабоко во себе вие сте среќни за вашата пријателка, но тоа не значи дека не ви е тешко.

Месечниот циклус ве тера да заплачете

Кога ќе дојде менструацијата, плачете затоа што помина уште еден циклус без бременост.

И вашиот сопруг се чувствува беспомошен

И вашата сакана личност е под стрес, исплашена и фрустрирана исто како и вие.

Се прашувате дали некој некогаш ќе ви рече мамо

Како што минува времето, а вие не останувате бремени, сериозно почнувате да се прашувате дали некогаш ќе имате бебе и дали некој некогаш ќе ве нарече „мамо“.

Ги проверувате сите опции

Ако се обидувате една година или повеќе, големи се шансите дека почнувате да ги истражувате вашите опции. Тоа значи читање за ин витро оплодување и лекови за плодност. Вашиот општ лекар ќе може да ве упати кај специјалист за плодност. Кога конечно ќе се случи, не можете да поверувате, па користите околу 30 тестови за бременост за да проверите дали сте навистина бремени.

Извор



912

X