Свесни сте дека таткото е „вратата“ за идните односи на неговата ќерка со момчињата и мажите, но обично се заборава она што татковците можат да им го подарат на нивните ќерки во текот на целиот живот.

Кога размислуваме за воспитување деца, често мислиме на поддршка на семејството преку приготвување здрави оброци за децата, како и одржување на нивна хигиена и здравјето.

Но, тука не треба да бидат опфатени само основните потреби. На пример, да им читате приказни пред спиење или да имате одредени рутини и традиции за време на капењето. Или да ги однесете на семеен одмор и да им помогнете со домашните задачи. Но, овие работи не се најважните подароци.

Најскапоцениот подарок што таткото може да ѝ го даде на својата ќерка е да ѝ помогне да ги види посебните квалитети што ги поседува, а кои ја надминуваат нејзината надворешна убавина.

Зборувам за она што ја прави посебна во неговите очи.

Тоа се квалитети кои вистинскиот маж ќе ги цени и ќе ги види во неа. Тие се градежните блокови на нејзината самодоверба.

Примери на посебни квалитети кои градат здрава самодоверба:

  • Нејзиното сочувство;
  • Како нејзините очи светат кога се смее;
  • Нејзиното чувство за чест и правење нешто правилно, дури и кога е тешко;
  • Нејзината смисла за хумор што ги тера другите да се смеат често;
  • Силата во неа која ја движи низ тешките времиња;
  • Нејзината верба во себе да пробува нови работи и да расте;
  • Верувањето во себе дека не треба да се воздржува;
  • Чувството на емоционална сигурност дека вистинската личност секогаш ќе биде тука за неа;
  • Нејзината подготвеност да пробува нови работи;
  • Фактот дека е интелигентна и способна да прави многу работи.

Ова се само некои од можните квалитети што таткото може да ги идентификува и да ги негува кај својата ќерка.

Вториот најважен подарок доаѓа од таткото кој ја учи својата ќерка да препознае кога мажот ја почитува и да го очекува тоа од него.

Се разбира, таа треба да бара почит од сите луѓе, но ова особено важи во романтична врска. Ако таа се чувствува непочитувана од маж, тогаш тој не е за неа.

Извор



912

X