Здравје

Дигиталната деменција е сѐ поголема опасност: На децата им требаат вистински пријатели, разговори и природа

Денес се соочуваме со тивкиот непријател на нашето време: прекумерната употреба на дигитални уреди од страна на децата.

Во видео на „Тик-ток“ едукатор од Валдорф, кој има 20-годишно искуство во настава, зборува за важноста на ограничувањето на дигиталното време и технологијата и поттикнување искуства од реалниот свет. Заборавеност, недостиг на концентрација и намалена социјална интеракција – сето тоа се реални последици – предупредува тој.

– Дигиталната деменција е сериозна работа, нова и секојдневно им ја даваме на децата. Децата се претвораат во зомбија затоа што имаат неограничено време пред екранот, а сè друго паѓа во вода – меморија, концентрација, чувство за другите, добрина, човечка топлина. Самите дигнете го погледот од екранот и видете каде е вашето дете. Прашајте го што појадувало утрината, со кого си играло, со кого разговарало, дали ќе знае? Сигурно ќе знае која му е омилената игра, затоа што тоа му е важно. И тогаш се чудиме кога едно дете ќе нападне друго, последиците се навистина сериозни. Што преземате околу тоа? Кој му го дал на детето тој мобилен, нека му го одземе! Оставете го детето да излезе надвор, да се прошета, да игра фудбал, да се дружи, да разговара со луѓето. Дозволете му само да ја спакува чантата за на училиште, да ја напише домашната задача – а не да му помагате. Време е вие ​​како родител да ја преземете контролата бидејќи на децата им требаат вистински искуства, разговори и луѓе, пријатели и вистински родители!

Извор

Поврзани написи

To top