АДХД е кратенка за нарушување на вниманието и хиперактивност и е медицинска состојба. Лицето со АДХД има разлики во развојот на мозокот и мозочната активност што влијае врз вниманието, способноста да седи мирно и самоконтролата. Генерално, децата со АДХД се значително похиперактивни од другите деца, а дијагнозата може да му влијае на детето на училиште, дома и во пријателствата.
Сите деца понекогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, имаат тешкотии да слушаат и да ги следат упатствата, да седат мирни или да го чекаат својот ред. Но, за децата со АДХД, борбите се потешки и се случуваат почесто.
Една мајка често објавува видеа на „Тик-ток“ во кои покажува како нејзината ќерка со АДХД реагира на одредени работи, кои се симптомите и која е разликата во одредени однесувања меѓу неа и нејзиниот помлад брат кој нема АДХД.
@sueomanii My daugters ADHD is her super power. These are just some of her symptoms i havent mentioned everything. Adhd in children #adhdinchildren #adhd #adhdtiktok #adhdinkids #adhdawareness ♬ august – Taylor Swift
На видеото, мајката споменува некои од симптомите на АДХД кои ги забележала кај девојчето: нејзината ќерка апсолутно не ги поднесува етикетите на облеката, реагира импулсивно на сите нови работи и настани, нема страв, може да трча без престан, полна е со енергија, не застанува цел ден, има проблем со заспивање и се буди неколку пати во текот на вечерта и слично. Мајката на крај додава дека нејзината ќерка е супер креативна, таа е одлична постара сестра и секогаш е забавна и полна со иновативни идеи.
Во описот на видеото таа пишува: „Мојата ќерка го претвори АДХД во супермоќ. Ова се некои од нејзините симптоми што ги гледам секојдневно“.
@sueomanii Signs and symptoms of ADHD in children. Constant fidgeting even while watching her favourite show. These are some signs you should look for in children for adhd. #adhdinchildren #adhd #adhdchild #adhdtiktok #elemental ♬ Steal The Show – From “Elemental” – Lauv
Некои од главните знаци на АДХД кај децата се: недостиг на фокус (проблеми со концентрација), импулсивност и хиперактивност.
912