Надица Илиевска, дипломиран нутриционист

Надица Илиевска, дипломиран нутриционист

„Нутриционист консалтинг“
тел. 078 221 044
е-пошта: nutricionistkonsalting@gmail.com

Повеќе од авторот

Нема место за паника доколку вашето дете изеде парче роденденска торта или колач, но внимавајте на тоа колку вкупно шеќер внесува секој ден

Шеќерите имаат лоша репутација и ја заслужуваат со полно право. Децата, сепак, имаат потреба да внесуваат мали количества шеќери секојдневно бидејќи тие се важен извор на енергија. Проблем е што денес децата консумираат премногу додаден шеќер, кој нема никаква нутритивна вредност и не го обезбедува детскиот организам со неопходните супстанции за раст и развој.

Изберете хранлив извор на шеќер

Нема место за паника доколку вашето дете изеде парче роденденска торта или колач, но внимавајте на тоа колку вкупно шеќер внесува секој ден.

Во 2016 г. Американската асоцијација за кардиоваскуларни заболувања за децата препорача 20 грама прост или додаден шеќер на дневно ниво. Овие препораки произлегуваат од студија публикувана истата година, во која се анализирани ефектите од консумирањето шеќер врз здравјето на децата. Заклучокот е дека постои корелација меѓу внес на шеќери и зголемен ризик од појава на одредени заболувања, како што се дијабетесот, замастен црн дроб и зголемена телесна тежина кај деца помали од 10 години. Интересен е фактот дека истата студија покажала дека децата во просек консумираат трипати повеќе додаден шеќер од препорачаното. Секако, оваа студија е спроведена во Америка, но слободно може да се каже дека и кај нас ситуацијата не е различна.

Соковите се најголем извор на додаден шеќер во просечната детска исхрана, особено газираните пијалаци. Само 250 грама од овие пијалаци содржат околу 10 мали лажички додаден шеќер

Факт е дека шеќерот го обезбедува детето со енергија, но неопходно е да се обезбеди хранлив извор на шеќер. Шеќерите што се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и во некои млечни производи се природни и треба да бидат дел од избалансираната детска исхрана. Она што е опасно за децата е додадениот шеќер, кој се наоѓа во десертите, газираните пијалаци, овошните сокови и во пекарските производи.

Белиот леб, тестенините и готовите сосови речиси секогаш имаат додаден шеќер, понекогаш шеќерот се наоѓа и во производи кои немаат сладок вкус. Калориите од овие намирници немаат никаков нутритивен квалитет и не придонесуваат во градењето здрави детски прехранбени навики. Затоа е оправдана дилемата на родителите што да дозволат, а што да одбегнуваат во исхраната на нивните деца.

Што задолжително да се избегнува?

Соковите се најголем извор на додаден шеќер во просечната детска исхрана, особено газираните пијалаци. Само 250 грама од овие пијалаци содржат околу 10 мали лажички додаден шеќер. Сладоледот спаѓа во иста категорија, а многу деца јадат и слатки секој ден. Само едно популарно „брауни“ има повеќе од препорачаниот дневен внес на шеќер. Готовите миксови од житарки во кои има „здрави“ овошја и јаткасти плодови имаат и многу додаден шеќер.
Еден од најлесните начини да се ограничи големиот внес на додаден шеќер е да се исклучат газираните пијалаци и готовите овошни сокови, со тоа се скратуваат најголемите извори на прости шеќери. Може да се дозволи домашен десерт еднаш до двапати неделно, но за тоа да се спроведе во практика, во домаќинствата плакарите не треба да се полни со слатки задоволства. Затоа додајте што повеќе видови овошје во детската исхрана, природно се слатки, имаат малку калории, но се полни со витамини, минерали и билни влакна и што е најважно од сè – овошјето е и многу вкусно.



912

X