Ако ги препознаете и признаете емоциите на детето, ќе можете да го смирите детето кога има излив на бес. Така барем тврди психологот Џастин Коулсон и открива што точно треба да се прави во таква ситуација.
„Родителите често го прескокнуваат дисциплинирањето на детето или бараат од него да престане или да се смири, со надеж дека детето ќе ги послуша и ќе замолчи, но никој што е вознемирен, па ни возрасните, не сака да слушне такво нешто“, објаснува психологот и татко на шест деца Џастин Коулсон.
Ефикасен начин да се смири детето е да се препознаат и да се признаат детските емоции.
„Ако можете да именувате нешто, тогаш можете и да го скротите. Замислете дека нешто ве вознемирува и вашиот партнер ви вели да се смирите, а вие зовривате од лутина. Веројатно ќе се налутите уште повеќе. Ако треба да смирите некого, прво именувајте ја емоцијата што ја чувствува. Така ќе се чувствува разбран и самиот ќе може да ја скроти таа емоција“.
„Животот е неправеден, тоа е реалноста, но родителите имаат обврска да ги научат децата на општествено прифатливо однесување“, вели психологот и напоменува дека најголемата човечка потреба не е да бидеш сакан, туку да бидеш разбран.
Според Џастин, овој процес се нарекува емоционално учење и им помага на децата да ги разберат различните емоции што ги доживуваат, зошто се појавуваат и како да се справат со нив.
912