Д-р Јасна Барјактаревиќ зборува за тоа зошто сме незадоволни, како можеме да си го направиме животот посреќен и каде е таа љубов што нѐ придвижува сите.
„Кога луѓето наидуваат на некој што вистински ги сака, очекуваат таа личност да ги наполни сите оние чаши на љубов што некој друг требало да ги наполни, а не ги наполнил, или некој друг ги испразнил“.
Не го чувствуваме она што го имаме, но постојано сме фокусирани кон нешто што немаме, нешто што мислиме дека ни треба или нешто што мислиме дека животот ни го должи, а потоа кога одеднаш ќе застанете, ќе исклучите сè околу вас, ќе ги затворите очите и ќе кажете – чекај, што направив јас денес? Го завршив испитот, го положив испитот, го бојадисав станот, успеав да направам некои мали или големи работи, па ќе речете – да, време е да кажам БРАВО.
Кога ќе си кажам браво, тогаш сум задоволна, па тогаш да видам што направил некој друг за мене. Мајка ми ми подготви ручек, моите синови направија нешто друго, моите пријатели беа тука за мене кога ми беше најтешко, па тоа е едно големо „благодарам“ за нив и кога ќе се опкружите со тие луѓе на кои навистина треба да им кажете „благодарам“ за мали нешта – тука започнува задоволството.
Станавме мегаломани за сѐ, мегаломани со тоа што на 19 години мораме да имаме компанија, „порше“, затоа што ако не го постигнеме тоа до 20 години, тогаш сме никој и ништо.
Поставуваме стандарди во љубовта, пријателството, дружењето, а да не зборуваме за консумеризмот, такви стандарди што никој не може да ги постигне, па затоа сме постојано незадоволни, анксиозни, груби, лути“.
Автор: д-р Јасна Барјактаревиќ/ психолог
912