Анксиозноста, тремата и нервозата се нормални чувства, барем до одреден степен. Ова важи и за децата. Но, тие имаат дополнителен предизвик бидејќи ги немаат сите потребни знаења за јасно да го изразат она што го чувствуваат. Сепак, децата се изразуваат на безброј начини.
Терапевтот и мајка на три деца Мелиса Грифинг наведува 15 различни начини на кои децата ја изразуваат својата вознемиреност, што родителите честопати не ја забележуваат.
-Дали знаевте дека децата зборуваат за анксиозноста на еден куп различни начини кои родителите често не ги забележуваат? Еве 15 различни начини на кои децата велат: „Се чувствувам загрижено“, започнала Грифинг во сега веќе виралното видео што го објавила на „Тик-ток“.
Првиот пример што го дава е „ме боли стомак“, а оваа реченица многумина ги потсетува на нивното детство. Сепак, тоа не е единствената физичка болест која може да открие нешто за психолошката состојба на детето. Грифинг, исто така, ги наведе примерите како: „нозете ме болат“ и „рацете ме болат“ како потенцијални знаци на анксиозност, иако таа додала и предупредување оти тоа може да бидат и болки при растење.
@momtherapist Kids tall about anxiety in ways adulta often dont pick up on. Heres your cheat sheet for deciphering kid speak on anxiety! #therapy #childtherapists #thoughtsfromatherapist #wellnestcounseling #dallastherapist #parenting #4upage ♬ original sound – Melissa
Таа споменала уште неколку примери, како: „Не сум гладен/а“, „Мислам дека сум болен/а“ и „Не можам да заспијам“. Наведува дека таквите примери може да биде тешко да се протолкуваат бидејќи тие навистина можат да бидат поврзани со здравствени проблеми. Затоа нè поттикнува прво да посетиме лекар за да бидеме сигурни.
Разбирливо е дека родителите што го гледале видеото биле желни за решение. Грифинг со задоволство понудува неколку совети во неколку дополнителни видеа. Но, всушност, основата на сите нејзини совети се заснова на зајакнување на емоционалната интелигенција.
Тоа значи дека родителите треба да ги препознаат овие чувства кај децата и да им помогнат да развијат сопствени начини на препознавање и справување со нив.
912