Игротека

Потрошил 114 ролни хартија за буквално да ја завитка куќата

Макс Мајевски потрошил речиси пет дена покривајќи ја внатрешноста на куќата со хартија за пакување подароци. Тој го завиткал секој квадратен сантиметар од дневната соба на мајка му, трпезаријата и кујната во хартија за завиткување со божиќни мотиви.

Мајевски, кој е потпишан како „@thatguymaks“ на „Тик-ток“, објавил две видеа. Во првото видео тој го документира процесот на завиткување.
Во другото видео ја снимил реакцијата на своето семејство. Неговата мајка е прикажана како шокирано ја покрива устата додека влегува во куќата, придружувана од двете помали сестри на Макс. Мајката на Макс, Ана, вели дека била шокирана кога го видела „проектот“ на нејзиниот син.

Макс потрошил околу 255 евра за 114 ролни хартија за завиткување подароци за да ја изведе шегата. Видеото во кое го снимил процесот на завиткување на целата куќа собрало над 11 милиони прегледи и повеќе од 400.000 лајкови.

Извор

Поврзани написи

To top