Женевив Нокс се сеќава на моментот кога ги однела своите деца -тројка на прв преглед кај лекар.

– Педијатарот ме погледна и ми рече: „Немој да ги споредуваш“. Тоа беше еден од најдобрите совети што ги добив – вели таа.

Според експертот за родителство и развој на младите, д-р Дебора Гилоба, речиси е невозможно родителите да не ги споредуваат своите деца. Едноставно, така е направен нашиот мозок.

– Проблемот не се споредбите, туку заклучоците што ги извлекуваме од нив – вели Гилоба, а како пример ги посочи обоените цртежи на тројката на Женевив на кои се гледа дека се сосема различни.

Извор



912

X