Воспитување

Трудница ги замолила пријателите да ѝ ја исчистат куќата

Организирањето забави за давање подароци на идните родители и нивните неродени бебиња е традиција која постои во САД од 30-тите години, а во последната деценија стана популарна и на овие простори. Сепак, тоа не значи дека им одговара на сите.

31-годишната трудница Нија Луи неодамна станала вирална бидејќи наместо типична забава, таа се одлучила за нешто друго. Ги замолила пријателите да ѝ помогнат да ја исчисти куќата.

„Сè беше организирано од мојата пријателка Бри. Ѝ испратив список со работи што сакав да ги завршам пред да дојде бебето, а таа направи картички со задачи за секој гостин“, вели таа во видеото кое собрало над милион прегледи на „Тик-ток“.

Нија се пошегувала дека ја презела улогата на надзорник, кажувајќи им на гостите каде сака да се намести мебелот и што да прават со него. На крајот вечерала со другарките, разговарале и се дружеле.

„Сѐ беше прекрасно и се чувствувам подготвена за доаѓањето на бебето. Топло препорачувам вакви забави“, заклучила таа.

Видеото можете да го погледнете подолу.

Извор

Поврзани написи

To top