На американските медиуми се рашири вознемирувачка снимка од семеен пикник кој за малку ќе го уништел една гладна мечка. Имено, една мајка била со своите деца во мексиканскиот еколошки парк „Чипинкуе“ и додека јаделе ручек, мечката скокнала на нивната маса и почнала да собира храна.

На видеото се гледа како мечката јаде енчилада и такоси на само неколку сантиметри од момчето и мајката, која го штитела детето со рацете. По јадењето, мечката полека се движела по масата пред да скокне и да замине.

Веб-страницата на паркот ги предупредила посетителите дека средбите со црни мечки се зголемени во областа Монтереј, што претставува ризик за луѓето. Во исто време, од нив се бара никогаш да не се обидуваат да фотографираат мечка одблиску.

Извор



912

X