Воспитување

Жена-возач на автобус сака да го промени светот: „Ги учам децата дека љубезноста е лек за сѐ“

Лори Брукс, жена-возач на училиштен автобус во Мичиген, на децата им е позната како мис Спарклс и им е како втора мајка.

На социјалната платформа „Тик-ток“ е објавено видео на кое таа срдечно го гушка секое дете што ќе влезе во автобусот на првиот училиштен ден. Секој ученик го знае по име, а не ѝ се непознати ниту имињата на нивните родители.

„Здраво, Елијана! Ми недостигаше. Дали си помина добро летово?“, прашала едно од девојчињата.

Според родителите, Мис Спарклс прави секое дете да се чувствува посебно. Покрај тоа што ги вози децата до и од училиште, таа за многумина е како втора мајка и советник. Многу деца ѝ се доверуваат за работи за кои им е тешко да разговараат со мајките и татковците.

„Јас сум добра во читањето изрази на лицето. Кога во очите на детето ќе видам дека му е тешко, се нудам да разговараме. Децата знаат дека секогаш можат да дојдат кај мене“, изјавила Брукс.

Кога во 2021 година починал сопругот на оваа весела жена, дечињата ја израдувале со цртежи.

„Мојата работа ми носи многу радост. Овие деца ми помагаат да закрепнам. И јас им помагам да станат најдобрата верзија од себе. Ги учам дека љубезноста е лек за сѐ“, рече таа.

Извор

Поврзани написи

To top