Воспитување

Мајка го изненадила својот син со патување во „Дизниленд“, но не очекувала ваква реакција

Иако повеќето родители веруваат дека патувањето во „Дизниленд“ е нешто што ќе го воодушеви секое дете, реакцијата на момчето Ендру ги изненадило повеќето корисници на социјалните мрежи.

Неговата кума, која објавува видеа на „Тик-ток“ под името „@vanessitaa92“, споделила видео кое брзо станало вирално, а многу е јасно зошто.
Имено, мајката сакала да го изненади нејзиниот син со патување во „Дизниленд“, но дефинитивно не очекувала ваква реакција. Наместо среќа и задоволство, момчето било видно вознемирено.

„Зошто ме донесе овде? Го мразам ова место“, рекол тој кога мајка му го прашала зошто е несреќен. Многу родители веднаш се огласиле во коментарите и ги препознале своите малечки деца во оваа необична реакција.

Watch on TikTok

„Токму таков е мојот син. На места каде што сите други деца буквално би полуделе од среќа, тој никогаш не ужива. Сочувствувам со тебе“. Но, има и такви родители кои велат дека момчето е само разгалено.

„Наместо да биде благодарен, тој се однесува вака. Разгалено“, напишала една мајка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top