Сите родители што имаат деца со аутизам знаат дека тоа може да биде голем предизвик. Така, една мајка на социјалната платформа „Тик-ток“ споделила еден од, како што вели, најубавите моменти во нејзиниот живот. Имено, во видеото може да се види како нејзината постара ќерка ѝ помага на својата помала сестра со аутизам да се најаде.
„Кога имате аутизам и вашата постара сестра ви помага да ја држите лажицата за да можете полесно да јадете, ова е преслатко“, напишала мајката во описот на објавата, која брзо станала вирална и моментално има околу 9,5 милиони прегледи.
Оваа мајка го објавила видеото што го освои интернетот на нејзиниот профил на „Тик-ток“ под името „@happyhandswith_hallie“, а многу родители кои и самите имаат деца со оваа развојна тешкотија одговориле во коментарите.
„Имам син со аутизам, па се плашам да имам повеќе деца. Ова ваше видео ми даде надеж, ви благодарам“, напишала една мајка.