Игротека

Видео: Прва средба со новородената сестра – реакцијата на ова момче е бесценета

Видеото од момче кое ја запознава својата новородена сестра е прегледано речиси четири милиони пати. Неговата мајка Бритни Курц ја снимила трогателната реакција и ја споделила на социјалните мрежи, поточно на нејзиниот профил на „Тик-ток“, каде што редовно објавува содржини поврзани со нејзиното семејство.

На видеото, кое трае околу 20 секунди, може да се види како едно мало момче се среќава со својата помлада сестра, која штотуку е донесена дома од породилиштето, заедно со нејзината мајка. Неговата реакција брзо станала вирален хит, а видеото има 3,7 милиони прегледи и над 660.000 коментари.

„Каква прекрасна реакција! За малку ќе заплачев, ова е буквално вистинска љубов“, е само еден од многуте коментари.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top