Воспитување

7 будалести грешки што ги правев кога пристигна моето прво дете

Сега кога сум бремена со моето второ дете, имам време да се потсетам на начинот на кој се справував со првата фаза од пристигнувањето на првото дете и како можев некои работи да ги правам поинаку. Има многу работи што ги направив на кои сега се смеам – и многу други работи за кои сега сфаќам дека требало да побарам помош.

Купив облека (која не беше трудничка) за да се пресоблечам во болницата

По помалку од 24 часа откако се породив со моето бебе, се обидов да облечам облека која не беше трудничка. Си ја спакував во мојата торба за в болница и бев вџашена што не ме собираше во неа. Се гледав во огледалото во болницата и бев шокирана што стомакот ми висеше над половината и над панталоните, а колковите ми беа болно прилепени за страните. Маицата што се обидував да ја навлечам на моето тело исто така беше висока во пределот на вратот, што значеше дека не можам да дојам ако ја носам. Најчудно беше што од сето тоа бев изненадена. За некое чудо, мислев дека по породувањето ќе можам да извршувам регуларни работи. А мене всушност ми беа потребни 2 години за да се вратам во нормала – тамам за повторно да забременам!

Одбивав да преспијам

Го знам советот „спиј кога спие и бебето“, но тоа е последното нешто што родител сака да го слушне, а јас знам и дека имав многу чудни приоритети за тие први недели и месеци. Откако бебето ќе заспиеше, имав чувство дека треба да го освојам светот – и под тоа мислам на манично чистење на станот. Посакувам сега да можам да се вратам и да си речам: „Стоп!“ Да, некогаш доаѓаат гости, но тие гости се твоите родители и тие се оние што ти кажале дека ја имаш биолошката предност што те одгледувале во не толку чиста средина, па мислам дека сè би било во ред и ако не се бришеше постојано кујнската маса.

Се потрудив да одговорам на секоја честитка на социјалните мрежи

По пет дена откако се роди мојот син, решив дека е време официјално и јавно да го соопштам тоа на социјалните мрежи. Честитките беа многу љубезни и ми предизвикаа радост… сè додека не решив да одговорам на секоја. Како се случи тоа, не знам. Но, имав чувство дека извршувам работа со полно работно време, постојано набљудувајќи ги телефонот и компјутерот. Мојот тогашен стрес беше надополнет од тој притисок да му се заблагодарам на секој поединечно. Моите намери беа добри, но очекувањата да го постигнам сето тоа за кратко време едноставно беа нереални. Сега моето мото е „Подобро подоцна отколку никогаш“.

Гледав страшни ТВ-серии

Се сеќавате на онаа серија на „Нетфликс“ – „Прогонувањето во куќата Хил“? Приказна за прекрасно, среќно семејство кое ќе се растури од темни натприродни сили и многу трагедии се случуваат. Јас баш тоа шоу решив да го гледам кога се роди синот. Иако беше убава серија, не му ја препорачувам никому додека е на почетоците од мајчинството. Конечно, сестра ми ми пушти цртан филм и за многу кратко време се „префрлив“ од плачење на силно смеење.

Бев засрамена што се подмочував

Да, тоа не е нешто реално, а многумина го сметаат за засрамувачко искуство. Сепак, се срамев и кога ќе се случеше дома. Благодарение на ограниченото знаење за пелвичните мускули, по породување, моето тело имаше потреба од заздравување. Наместо да го признаам тоа и да си дадам време, јас чувствував срам што моето тело не беше сосема закрепнато. Потоа се упатив на лекар кој беше директен и комичен и праша: „Дали знаеш дека си била расцепена од твојата вагина до анусот?“ Да, знам. По многу сесии со физиотерапевт, можев повторно да ја преземам целосната контрола над мокрењето, а уште поважно, научив да се гордеам со напредокот и заздравувањето на телото наместо да се срамам од тоа.

Се брзав да ги вратам книгите од библиотека навреме

Уште еден пример за погрешни приоритети. Имав новороденче, чувствував болка, но не смеев да задоцнам во библиотека! Кога ќе се потсетам на ова, веројатно тоа било нешто симболично: се обидував да внесам некое чувство на контрола во мојот нов хаотичен живот со бебето, па затоа сакав барем книгите да ги вратам навреме, но во име на Бога, казната за доцнење е минимална.

Се присилив себеси да се смеам дури и кога беше во ред да плачам

Да се има бебе е неверојатно искуство. Исполнето е со подеми и падови. Многумина ми велеа дека сигурно сум многу среќна – но, тоа не е така постојано, во секој момент од денот. Некогаш се чувствувате тажни, особено по многу тежок и напорен ден. Мој член од семејството еднаш ми рече дека кога го добила првото бебе, лекарот ѝ кажал дека нејзина единствена работа е да го сака и да го ниша. Овие зборови ми помогнаа. Не беше моја работа да се смеам цело време, или да бидам среќна цело време – моја работа беше да го сакам и да го нишам. Можев да го правам тоа додека се чувствував среќна, но можев и додека бев тажна, и тоа беше во ред исто така. Се надевам дека со второто ќе се чувствувам поудобно за да ги споделам моите добри и лоши моменти со оние што ме поддржуваат, знаејќи дека се додека си ги сакам деца, си ја завршувам својата работа.

Автор: Микаела Харди-Мофат

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top