Една жена на хумористичен начин опиша како ѝ изгледа денот со две мали деца.
Блогерката Петра Нинчевиќ на „Фејсбук“ сподели статус во кој детално опиша како ѝ започнува и завршува денот со мали деца.
Нејзиниот потег ги воодушеви сите мајки, кои ги споделија своите искуства.

– Ме прашувате како е откако почнав да работам. Не знам од каде да почнам.
Ако некој сега ми каже да организирам настан за 100 луѓе, веднаш би го направила тоа. А дома не можам една недела да го избришам мијалникот.

1. Се будам во 6 часот.
2. Ги подготвуваме ранците за во градинка, ги соблекуваме и ги облекуваме децата.
3. Мојот маж најчесто ги носи бидејќи работи од 9, а јас од 8, па да имаат уште малку време наутро.
4. Во 16 часот излегувам од работа, ја земам Лота, па одам по Лукас и одиме дома.
5. Лота е толку кенкава по градинката, што 4 часа ја држам в раце, сè додека не заспие. Штом ја спуштам долу, почнува да се дере и ако се оддалечам еден чекор – вреска. Да зготвам нешто во оваа фаза е невозможно. Лукас го фаќа хистерија, значи атмосферата е на високо ниво.
6. Маж ми се враќа во 19:30, гладен како куче, веднаш има караница бидејќи му ги подавам децата, а тој сака да јаде. А јас само сакам да се истуширам.
7. Во 20:30-21 одат на спиење и тука настанува хаосот. Велат дека жените готват и чистат додека децата им спијат. Кај мене Лота се буди помеѓу 5 и 10 пати во текот на ноќта и јас сум едноставно преуморна. Секојпат ја заспивам, ја галам, значи нема шанси сама да заспие.

Кога би требало нешто да зготвам, не знам. Да исчистам? Во викенд. Минатиот викенд направив болоњезе. Од умор заборавив да замрзнам дел за да имам за следната недела.

Во изминатите три недели децата имаа ентеровироза и воспаление на увото. Првата недела мајка ми зеде боледување (а и таа беше болна, па болните нека бидат заедно), другата и третата недела најдовме дадилка да ги чува.
Секоја чест на тој што може, јас еве, не можам. Бараме некоја жена да ни помогне барем за одржување на станот.
Единствено позитивно е што фризерката повторно ми ја погоди бојата на косата. Немав време ни да се потстрижам ни да се фенирам како што треба, само фарбање.
Но, надежта последна умира. Се тешам со тоа дека децата се во некоја фаза. И дека кога ќе дојде пролета и убавото време, сè ќе биде полесно.
Морав да се испразнам. Знам дека ве има повеќе!

 



912

X