Драги другарчиња,

Јас сум Бисера, а ова е нашето заедничко катче за едно поинакво читачко дружење.

Верувам дека и вие, како мене, ги сакате книгите затоа што знаете дека во нив има волшепства. И дека оние што читаат се на најдобар пат да станат волшебници. А тоа не се станува така лесно и бара многу труд и посветеност. Ете, на пример, познавам една Елена. Во своето добро организирано слободно време таа редовно другарува со книгите. Сите тајни што ѝ ги кажале тие сака несебично да ги споделува со своите соученици… со маалските другарчиња… со тетката во локалната продавница… Дури и со своето кадифено мече Хани. Хани нетрпеливо ја чека да му ја раскаже приказната од последно прочитаната книга. По секоја прочитана книга Елена чувствува дека постепено се стекнува со супермоќи:

1. Убаво се изразува (ги знае сите најпрекрасни зборчиња што умеат да променат нечие расположение на подобро);

2. Точно знае каде да ги побара одговорите на сите свои прашања (верувајте, секој одговор е клуч до нов свет, а вие сте негови откривачи, како Колумбо, кој ја открил Америка!),

3. Им помага на луѓето на кои им е потребна помош (а тоа е магичен потег за стекнување нови другарства);

4. Се грижи за животните и за природата (затоа што прочитала дека сите заедно сме дел од еден неразделен систем и дека сме си важни едни на други);

…и ред, ред други нешта што ја прават необично девојче.

Затоа си мислев ова да ни биде збирно место каде што ќе ги разменуваме тајните што одвај чекаат да бидат откриени. Нетрпелива сум да ви кажам што открив неодамна… Прочитав една мнооогу, мнооогу убава книга… Дали сакате да дознаете за што станува збор? Тогаш, да се сретнеме пак на истово место. И пак, и пак, секоја среда 🙂



912

X