Родителите често се во дилема кое овошје да му го воведат на своето бебе, особено кога станува збор за цитрусните овошја кои имаат многу кисел вкус. Практиката е вакво овошје да се дава по навршена една година, а тоа особено се однесува на портокалите, лимоните, лиметите, грејпфрутите и мандарините.

Ако се прашувате зошто треба да чекате цели 12 месеци во споредба со другите овошја, одговорот е киселината. Не е препорачливо да се воведуваат порано поради киселоста на овошјето и поради тоа што помалите бебиња веројатно ќе добијат исип. Високото ниво на киселост може да предизвика исип на пелена, па дури и исип околу устата. Стомакот на бебето не може да ја вари храната како возрасен. Цитрусот е потежок за стомакот на бебето отколку што мислите. Затоа, не давајте му храна за која неговото тело не е подготвено.

За да спречите алергиски реакции на цитрусните овошја, тие треба да се воведуваат постепено, во мали количини, во период од неколку дена. Кога ќе ги дадете, проверете дали има видливи знаци на алергија. По една година веројатноста за добивање алергија се намалува. Добрата работа кај цитрусните овошја е тоа што тие се преполни со витамини, влакна и минерали. Намирници богати со витамин Ц, покрај цитрусните овошја, се брокулата, зелката, спанаќот, зрелата папаја, дињата и многу други. Тие можат да го заменат овој вид овошје, па затоа нема потреба од брзање.

Што се однесува до воведувањето цитрусни овошја, бебињата од самиот почеток можат да имаат аверзија поради горчината и киселиот вкус. Затоа, немојте веднаш да ги давате како чисто овошје, туку обидете се да ги измешате со некоја друга храна со сладок вкус. Јогуртот е одличен избор, особено ако се направи смути или ако се додаде во житарки.

Обидете се да ја направите оваа интересна комбинација.

Состојки:

2-3 лажици свежо исцеден сок од портокал;
2 моркови

Подготовка: Варете го морковот додека не омекне. Кога ќе се свари, измиксирајте го во блендер. Додајте сок од портокал.

Храна што оди со портокали:

Авокадо
Боровинки
Малинки
Праски
Сладок компир
Пилешко
Јогурт

Извор



912

X