Лично, често се наоѓам во конфликт помеѓу она што ме учеле, како другите ме насочувале преку моето воспитување и она што ми го кажува моето мајчинско чувство кое произлегува од љубовта. Мислам дека конфликтот би можел да се сведе на комбинација од љубов и страв.

Но, од што се плашиме? Погрешни очекувања кои изгледаат реални, прочитав некаде и се согласив со тоа и истото го проектирав на најважната работа во мојот живот – родителството.

Колку пати му браниме нешто на детето затоа што така налага конвенцијата, затоа што се плашиме да не ни се одбие тоа од глава, поттикнати од предупредувања од сите страни за „дисциплина“, страв да не го разгалиме и уште повеќе, од стравот дека еден ден ќе станат диви тинејџери. Но, зарем постапките кон децата, кои произлегуваат од стравот, не се негативни и нешто што не оди во прилог на зачувување на интегритетот на личноста и телото, честопати понижувачки и всушност штетно.

Мора да постојат здрави граници

Стравовите секогаш ќе постојат, некаде во ќошот каде што цел живот ги слушам животните воспитувачи и медиумите. И покрај тоа, вреди да се избере љубовта.

Одлуката е донесена и тоа е тежок дел од работата. Всушност, сега кога знаеме дека сакаме да нè води љубовта, имаме потежок дел од работата отколку кога дејствуваме на непосредни импулси кои се водени од стравот.

Здравите граници секогаш треба да постојат бидејќи на тој начин со позитивен пример ќе му покажеме на детето да се сака себеси.

Зошто границите во воспитувањето се толку важни?

Кога моето дете е луто или не може да ги контролира своите емоции и ќе се оддалечи од мене, наместо да го казнувам, како што е мојот прв инстинкт, ќе се обидам да го гушнам и да му покажам дека го сакам и покрај сѐ. Можеби нема секогаш да функционира, но сепак направивме чекор напред затоа што ги отворивме нашите срца.

Не сум супермајка, но затоа се трудам и учам. Секогаш имаме избор. Изборот нека биде љубов.

Автор: Татјана Павлиќ Блажон
Извор



912

X