Помина речиси цела година откако првиот случај на Ковид-19 беше детектиран во Канада. По месеци поминати под маски и карантини, коронавирусот сè уште е тука и поттикнува многу прашања. Децата од Канада ги испратиле своите прашања за Ковид-19 на „Си-би-си кидс нуз“. На нив одговара експертот за заразни болести д-р Сумон Чакрабарти од Торонто. Неговата генерална порака е дека секој треба да ги следи протоколите за заштита од Ковид-19 – како миење на рацете, носење маска во јавност и одржување физичка дистанца од другите.

Светла страна ќе биде, како што вели тој, повеќе луѓе да примат вакцина, па болниците да бележат помалку приеми на пациенти и тоа ќе им овозможи уште подобро да си ја завршуваат работата.

Седењето дома не може да трае засекогаш. Со тек на време граѓаните ќе може да излегуваат од дома и рестриктивните мерки ќе се намалуваат.


Во видеото докторот одговара на прашања како „Како може да знаеме дека вакцината ќе биде функционална?“, па вели дека треба да се спроведат дополнителни научни студии. Тој додава дека вакцината не треба да биде совршена, туку поентата е што повеќе луѓе да се вакцинираат, па така значително ќе се намали бројот на нови заразени лица.


„Како лекарите се справуваат со повеќе случаи на Ковид-19?“ – Тој одговара дека лекарите се особено внимателни, па приоритет е грижата и давање терапија на заболените пациенти. Заштитата на себеси и другите пациенти е исто така приоритет, па носењето заштитна опрема е клучна.


Лекарот одговара и на прашање „Дали едно лице стекнува имунитет откако ќе прележи Ковид-19 повеќе од еднаш?“ Лекарот одговара дека да – иако сè уште не е утврдено колку тој имунитет би траел. Научниците се сигурни за времетраење од 3-4 месеци, но имунитетот можеби би траел и една година.


„Ако некое лице има во моментот, или веќе прележало Ковид-19, дали треба да прими вакцина?“. Одговорот на лекарот и на ова прашање е – да.


Едно од дечињата обрнува внимание и на оние луѓе што живеат во посиромашни услови, па лекарот потенцира дека треба се формираат теренски тимови кои на самото место ќе доделуваат заштита за овие категории лица. Исто така, тој додава дека ним треба да им се даде приоритет за вакцинација.

Извор



912

X