Декември им е омилениот месец на децата. Освен што нетрпеливо го чекаат Дедо Мраз, како и подароците под елката, тоа е период и кога сите се дома. Поминуваат повеќе време заедно со родителите, се дружат со пријатели и роднини, споделуваат желби за посреќна нова година…

„Светот на Биби“ ја подготви книгата „Весели активности“, во која децата преку игра, со своите омилени јунаци, ќе учат да бројат, да поврзуваат, да цртаат, бојат, да ги препознаваат буквите, да најдат разлики меѓу две слики итн. Со овие 72 странци преполни со логички и забавни игри лесно ќе ги оттргнете децата од екраните.



912

X