Јапонците се едни од најобразованите во светот. 96 отсто од населението се писмени.

Задолжителното образование трае 9 години, а предметите што децата ги изучуваат вклучуваат јапонски јазик, природни и општествени науки, музичка култура, уметност и ракотворби, физичко образование и домаќинство, каде што ги учат основите на кулинарството и шиење.

Учениците во Јапонија речиси никогаш не го повторуваат одделението, не бегаат од часови, ниту доцнат и мора да носат училишни униформи.

Наставниците се трудат да ги научат децата да не учат напамет, туку со помош на ефикасни методи, а во прилог на тоа зборува фактот што 5-годишните деца решаваат тешки математички задачи.

Децата ручаат во училниците заедно со наставниците за на тој начин дополнително да се зближат, но и јадат на маса, а не во одење.

На јапонските училишта не им се потребни служители бидејќи нивната работа ја работат самите деца. Властите веруваат дека на тој начин децата учат за почит, одговорност и така се истакнува еднаквост меѓу луѓето.



912

X