Мисту Бруер Ли има две деца. Нејзината ќерка има 21 година, а нејзиниот син – 19 години. Двајца млади луѓе кои се подготвени за независен живот. И додека сè уште им е потребна нивната мајка, и таа засекогаш ќе биде нивен родител, нејзината улога е прилично променета.
Во обид да се справи со овие промени, Мисти им се обраќа на младите родители во едно отворено писмо. Во него таа открива една од најважните лекции што ги научила низ годините: чувајте го сето тоа. Секој чекор од патувањето.
Прочитајте го писмото во продолжение:
Кога првпат ќе добиеш дете, сите зборуваат за предизвиците што ги носи родителството… борбите кога бебето ќе се разбуди навечер, детенцето кое не сака да остане во неговиот кревет, цената на градинките, повредите од спортот…
Тоа што мораш да излезеш од работа за да ги земеш од училиште кога не се чувствуваат добро, помагањето при пишувањето на домашните задачи, неуредна куќа, алиштата за перење, цената на облеката за на училиште, пакувањето на нивниот ручек…
Нивните очиња кои блескаат во текот на божиќното утро… обидете се да ја впиете сета магија на овие моменти.
Тренер им сте во спорт, трчате за да ги однесете на тренинг и на натпревар и ги носите низ целата земја за да им овозможите да ја играат играта што ја сакаат… без оглед на тоа колку е исцрпувачки и скапо.
Животот ви е премногу зафатен, па ретко застанувате за да размислите како изгледа крајот на овие денови.
Всушност, тоа не е нешто за кое воопшто размислувате.
Си мислите, 18-20 години се прилично долго време.
Но, одеднаш, часовите се претвораат во денови, деновите во месеци, а месеците во години.
Таа малечка личност која се туткаше до тебе в кревет и те гушкаше додека гледаше цртани одеднаш стана млада возрасна личност која те прегрнува во ходникот кога доаѓа и си оди.
А хаосот и смеата што се слушаше во твојот дом сега се заменети со тишина и самотија.
Научи како да бидеш родител на дете за кое треба да се грижиш и да го заштитиш, но немаш поим како функционираат работите кога треба да ги пуштиш.
Затоа, држи ги колку што е можно поцврсто… прашувајќи се како времето поминало толку брзо, чувствувајќи се виновна ако си пропуштила нешто.
Затоа што, иако имаше 20 години на располагање, се чини дека тоа не е доволно.
Си поставуваш многу прашања:
Дали ги научи на вистинските лекции?
Дали им прочита доволно книги додека беа деца?
Дали помина доволно време играјќи со нив?
Дали навистина знаат колку ги сакаш?
Што можеше да направиш подобро како родител?
Кога е време да одат, сето тоа те погодува како еден тон тули.
И сè што можеш да направиш е да се молиш додека тие се обидуваат сами да се снајдат во светот.
Родителството е најневеројатното искуство во животот, што на моменти те прави превозбуден, а на моменти ти го крши срцето.
Но, едно е сигурно. Никогаш немаш доволно време.
Затоа, за сите родители со мали деца, кои деновите ги поминуваат обидувајќи се да сфатат како да поминат низ лудилото и исцрпувачкиот ден…
Впијте го сето тоа.
Бидејќи еден ден, сите тие луди денови полни со цртани филмови, грицки, преспивања, магични божиќни утра, натпревари, тренинзи и доцни вечери… ќе имаат крај.
И ќе остане да се надевате дека сте направиле доволно, за кога тие ќе ги рашират крилјата, да можат да летаат.