Велат дека односот помеѓу таткото и ќерката е уникатен и специјален како ништо друго на светот. Велат дека сета љубов се раѓа како некоја магија, како искра, но дека понекогаш времето комплицира сè.
Бидејќи односот е преполн со чувства и е круцијален, некогаш е тежок за менаџирање. Но, за сите е различно. Принцот, единствениот за мене, како и амблем за маж во универзумот, принцеза, ранлива и која треба да се заштити: тоа бевме јас и ти, тато. Ми рекоа дека засекогаш ќе оставиш влијание во мојот живот, моите избори и моите љубовни врски, и така е. И сега сакам само да ти кажам благодарам за она што го направи за мене бидејќи кога сега се гледам себеси, само можам да бидам горда на жената која сум денес, бидејќи јас сум како тебе, тато.
Ти ме научи да бидам жена, но пред сè да бидам слободна. Ме носеше на риболов, ме научи да не се плашам да се извалкам или да трчам во розов фустан кој мама внимателно го испегла. Никогаш не ме сопре да правам „машки“ работи бидејќи ме мотивираше да бидам тоа што сум: силна, жилава, па ако треба и бунтовна.

И сета таа комплицираност, заедничка восхит, охрабрување и љубов, ми недостига денес и не сум подготвена да се откажам. Единствената работа што сега ја сакам, тато, е да бидам повторно твоја ќерка, барем само на еден ден. И додека мислам на тебе, на нас, зборовите кои сакам да ги кажам и напишам ми фалат. Па решив да позајмам нешто од Габриел Корси – прекрасна поема, бидејќи така се чувствувам денес.
„Остави ме сè уште да бидам син. Еднаш. Само еднаш.
Потоа ќе те пуштам.
Но, само уште еднаш, остави ме да се чувствувам безбедно. Заштити ме од светот. Остави ме да спијам во седиштето зад твоето. Ти вози. Јас сум тажен и изморен.
Сакам да ме водиш, тато. Пушти ја музиката што ти се допаѓа. Тоа ќе биде музиката која ќе ме задоволува кога ќе пораснам.
Остави ме да бидам мал.
Ти одлучи за мене. Облечи ми ја јакната, која ми изгледа преголема, бидејќи ми студи. Земи ме и однеси ме да спијам бидејќи веќе заспав на каучот. Раскажи ми приказни.
Ако си изморен, не прави го тоа. Но, не заминувај.
Сакам да останам дете засекогаш.
Прегрни ме силно како после давање гол.
Ти сè уште спиеш, како порано – во столот покрај мојот кревет во болницата.
Милувај ја мојата глава.
Знам дека доаѓа време за секого кога треба да биде татко на својот татко.
Но, јас не сакам. Не сега. Сакам да те гледам како џин. Не како мала птица.
Не оди си, тато. Те молам.
Остави ме да ти бидам син.
Остави ме да бидам твој син засекогаш.
Автор: Иларија Бараброса